Герет Бејл покажа дека е талентиран и за голф! (ВИДЕО)

фото: твитер

Во овој тежок период за светот кој се бори против ширењето на коронавирусот, а тоа воедно го прави и еден од најдобрите фудбалери на Реал Мадрид.

Поради пандемијата скоро во цела Европа нема фудбал, и сеуште не е познато кога ќе продолжат првенствата. Голем број на спортисти го поминуваат времето во карантин тренирајќи според посебна програма, а други низ различни предизвици на социјалните мрежи.

Герет Бејл, освен во фудбалот, во изолација ги покажува своите вештини и во друг спорт, односно голфот. Во овој тежок период за светот кој се бори против ширењето на коронавирусот, а тоа воедно го прави и еден од најдобрите фудбалери на Реал Мадрид.

Потсетување пред четири месеци фановите на „кралскиот“ клуб беа лути кон велшкиот интернационалец кој на еден од тренинзите заигра токму голф.

Многу се шпекулира(ше) за негово заминување од „Сантјаго Бернабеу“:

Имам договор уште три години и доколку сакаат да се ослободат од мене, ќе мора да ми исплатат 17 милиони евра по сезона. Доколку не сакаат, ќе останам во клубот и ќе играм голф – беа зборовите на Бејл во мај минатата година.

До прекинот на сезоната Бејл во шпанската „Ла Лига“ имаше учинок од 14 натпревари и два голови во ремито против Виљареал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот