Герберих смета дека Македонија треба да отвори преговори за ЕУ, за Тимоние останува клучна борбата против корупцијата

Германскиот амбасадор во земјава Томас Герберих денеска изјави дека причината за одложувањето на почетокот на преговори не ја гледа во кандидатките Северна Македонија и Албанија, туку во скептицизмот од проширувањето. Порачува земјава да ги продолжи реформите, и на тој начин да ги убеди скептичните дека нејзиното место е во ЕУ. Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, од своја страна, повторно порача дека владеењето на правото и борбата со корупцијата остануваат клучен приоритет.

Герберих, на обраќањето на меѓународна научна конференција на тема „Транзиција на правните системи: 30 години по падот на Берлинскиот ѕид”, што се одржува денеска и утре на Правниот факултет во Скопје, рече дека на Самитот во Солун во 2003 година беше јасно изразена европската перспектива на Западен Балкан.

– Денес, на почетокот на ноември 2019 година, расположението изгледа се промени. Уште еднаш се одложи почетокот на преговори за членство со земјите кои најмногу остварија, Северна Македонија и Албанија. Причините за тоа не ги гледам кај двете земји, туку во силниот скептицизам за проширувањето што во моментот е видлив и меѓу граѓаните на земјите-членки на ЕУ. Тоа ги натера лидерите да одговорат на тоа, ставајќи ја на тој начин целата политика на проширување на тест – рече Герберих.

Прочитајте и...  Масовни тестирања за Ковид-19 во поширокиот регион на грчкиот град Ксанти

Според него, отворањето преговори со Северна Македонија останува суштинско прашање за безбедноста и стабилноста во Европа. Рече дека Германија е особено поврзана со Западен Балкан на политички и економски, како и социјално бидејќи многу луѓе од овој регион живеат во Германија и тоа е од заеднички интерес и за Западен Балкан и за ЕУ.

– Германија ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ, како што тоа и секогаш го правеше. Сметаме на земјата да ги интензивира реформите, и на тој начин да ги убеди оние што имаа се уште сомневања, дека нејзиното место е во ЕУ. Порача германскиот амбасадор и повика да продолжи спроведувањето на реформите и владеењето на правото.

Прочитајте и...  Дачиќ демантира: Србија не ја прекина кампањата против признавањето на Косово

Францускиот амбасадор Тимоние, од своја страна уште еднаш порача дека владеењето на правото и борбата против корупцијата е приоритет и суштински дел на идната интеграција на новите членки.

На прашањето за очекувањата од средбата меѓу претседателот Стево Пендаровски и шефот на француската држава Емануел Макрон идната недела во Париз и дали тоа ќе придонесе за поголема динамика во македонско-француските односи, Тимоние не сакаше да коментира.

– Во се она што е комуникација околу таа официјална посета, сепак би ве упатил на претседателството на Републиката, затоа што сметам дека не би било куртоазно од моја страна однапред да говорам за тоа – вели Тимоние.

Конференцијата „Транзиција на правните системи: 30 години по падот на Берлинскиот ѕид”, се одбележува 30-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид, настан што симболично го означи крајот на Студената војна и почетокот на процесот на транзиција на правните системи во пост-комунистичките земји.

Прочитајте и...  Во Словенија повторно ден со нула новозаразени

На конференцијата се обратија и деканот на Правниот факултет Горан Коевски, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” Никола Јанкуловски, како и проф. д-р Отмар Сеул од Универзитетот Париз Х – Нантер, Франција и проф. д-р Томас Гигерих, Еуропа Институт, Универзитет Сарланд, Германија.

Прочитај повеќе

Филипче: Не е тешко да се почитуваат трите клучни мерки за заштита од Ковид-19

Слободен печат

Османи: Погледнете како за 30 минути се пренесува вирусот на заеднички ручек или вечера (ВИДЕО)

Слободен печат

Портпаролката на СДСМ е негативна на тестот за Ковид-19

Слободен печат

Италија ниту после 15 јуни нема да ги отвори границите за земјите надвор од ЕУ

Слободен печат

Кауција од милион долари за тројцата полицајци од Минеаполис кои помагаа во убиството на Џорџ Флојд

Слободен печат

Виница: Товарно возило удри во две лица, почина 47-годишна жена

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

ТВИТЕР ВОЈНАТА ПРОДОЛЖУВА: Социјалната мрежа ја блокираше снимката на Трамп за убиениот Флојд

Слободен печат

Безбедноста и здравјето на туристите и туристичките работници главен приоритет на Грција во пресрет на летната сезона

Слободен печат

НОВА ВОЗНЕМИРУВАЧКА СНИМКА ОД САД: Полицајци удрија и срушија 75-годишен маж на земја (ВИДЕО)

Слободен печат

Вјоса Османи: Косово од 2016 година доби неколку десетици милиони евра од Србија и тоа остана во тајност

Слободен печат

Бислимоски: Не очекувам било какви проблеми во енергетскиот сектор при евентуален втор бран на Ковид-19

МИА Агенција

Босанец со нож повредил тројца полицајци во Њујорк: Постојат сомненија дека се работи за Исламистички тероризам

Слободен печат