Герберих: Од интерес на Европа е да ги вклучи земјите од Западен Балкан во ЕУ

Фото: МИА

Отворањето на преговорите со Македонија за ЕУ е есенцијално прашање за стабилноста и сигурноста на Европа, рече Амбасадорот на Германија во Македонија, Томас Герберих.

Амбасадорот на Германија во Македонија, Томас Герберих денеска изјави дека земјата треба да продоложи со реформите. Според него, Македонија ќе продолжи да ја има подршката од Германија во патот кон интеграција во Европската Унија.

-Процесот на интеграција е единствениот инструмент кој го има имаме и треба да го искористиме. Сега имаме техничка влада и се надевам дека таа ќе организира слободни и демократски избори. Политичарите не смеат да се однесуваат како државата им припаѓа на политичките партии кои ги преставуваат а не на сите граѓани, бидејќи тоа носи кон нови поделби во општеството и заплашување на граѓаните. Отворањето на преговорите со Македонија за ЕУ е есенцијално прашање за стабилноста и сигурноста на Европа. Од интерес на Европа е да ги вклучи земјите од Западен Балкан во ЕУ-изјави Герберих.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот