Герберих: Не заслужувате ништо помалку од полноправно членство во ЕУ

Фото: МИА

Германскиот амбасадор во земјава Томас Герберих во врска со одлуката на Советот на ЕУ да не започне преговори со Северна Македонија, рече дека земјава е дел од Европа и не заслужува ништо помалку од целосно членство во Европската Унија.

– Германија ќе продолжи да дава поддршка како што тоа секогаш сме го правеле. Ве молам продолжете со овие реформи и убедете го секој оној што може да има какви било дилеми во однос на вашиот пат кон ЕУ, порача денеска германскиот амбасадор на одбележувањето на почетокот на градбата на германската компанија „Герешајмер” во Технолошко индустриската развојна зона Бунарџик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот