ГЕРБ: Бугарската влада нема да поднесе оставка

Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

„Изразуваме целосна поддршка за вчерашните постапки на полицијата, рече Тома Биков од владејачката бугарска партија ГЕРБ во изјава во име на пратеничката група. Според него, при вчерашната ескалација на тензиите за време на протестот во главниот град, полицијата успеала да одржи ред, ризикувајќи ги своето здравје и животи, јави БГНЕС.

– Претседателот Радев цело време повикува на радикализирање на протестот. Вчера се случи оваа радикализација. Сите го видовме лицето на оваа радикализација во овие платени фудбалски агитатори, кои се состојат од претставници на криминалниот контингент и кои ја нападнаа не само зградата на парламентот, туку и полицијата, која се обидуваше да го чува редот, рече Биков.

Според пратеникот, во последните неколку дена се повторувале повици за насилство. Тој е категоричен дека е добро познато кој ја организирал агитацијата, посочувајќи на обвинетиот бизнисмен Васил Божков, кој сè уште се наоѓа во Обединетите Арапски Емирати.

– Претседателот Радев има политичка одговорност за она што се случи вчера, во целост. Организаторите на протестот ја сносат техничката одговорност и ние ќе инсистираме да се испитаат нивните врски со криминалниот контингент, кој очигледно комуницирал вчера со нив. По вчерашните инциденти, нема да дадеме оставка. Ние ја запираме оваа дебата затоа што ако поднесеме оставка тоа значи дека секоја следна влада може да биде симната од претставници на криминалниот свет. Нема да го дозволиме тоа, рече Биков.

Во меѓувреме, пратениците побараа од министерот за внатрешни работи, Христо Терзијски да оди во парламентот и да даде целосна информација за вчерашната ескалација на антивладините протести во Софија, на кои се повредени голем број демонстранти и полицајци. Пратеник од Бугарската социјалистичка партија (БСП) побара и премиерот Бојко Борисов пред пратениците да објасни што се случува во изминатите 56 дена и „како власта се крие за полициските штитови и пендреци”.

Претседателката на бугарскиот Парламент, Цвета Карајанчева увери дека веднаш ќе ги информира премиерот и министерот за внатрешни работи а барањето за сослушување во Собранието.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот