Герасимовски: За 100 семејства по 7000 денари парична помош за новороденчиња

Горан Герасимовски, градоначалник на Центар / Утрински брифинг

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски денеска посети дел од семејствата кои имаат принова и лично им ги врачи решенијата со еднократна парична помош во вредност од 7.000 денари. На средба со семејствата, Герасимовски однесе пригодни подароци и посака добро здравје и среќно и безгрижно детство за новороденчињата, соопштија од Општина Центар.

Оваа недела Општина Центар исплати 100 решенија на барателите за остварување на правото за користење на парична помош за новороденче. Оваа парична помош, Општина Центар ја доделува редовно, во рамки на проектот на општината за првична помош и поддршка на родителите кои се жители на Општина Центар и имаат принова во семејството.

Општина Центар и понатаму ќе продолжи да реализира проекти од областа на детската заштита и да се грижи за најмладите, кои претставуваат најголема радост за секое семејство. Согласно Правилникот за добивање на парична помош за новороденче, рокот за поднесување на барањето е шест месеци од денот на раѓањето на новороденчето.

Извор:  МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот