Герасимовски: Нема да дозволам прекумерно градење во Центар

Горан Герасимовски /Фото: МИА

Обезбедување на сите потребни услови за здраво и модерно живеење, доволно јавни сервиси и зеленило, строго почитување на законските прописи и строго и безусловно почитување на паркинг правилата при градба, најави на денешната прес-конференција кандидатот за градоначалник на Општина Центар од СДСМ и Коалицијата, Горан Герасимовски.

Герасимовски посочи дека се залага за развој на општината, водејќи се по начелото „Урбанизација да, но не на штета на граѓаните”.

За организирано градење во Центар тој посочи дека во иднина планира продлабочувње на соработката со стручната фела во делот на урбанистичко планирање, партиципативното тело да функционира со совотедавна улога, оформување на општински тела во делот на екологијата, правење регистар на дрва од општината, станбен регистар за згради и куќи и конкурси за важните локации од јавен интерес.

– Носење на сите ДУП-ови кои ќе обезбедат хумана урбанизација и спасување на секој јавен простор и државно земјиште што ќе го намениме за граѓаните како и носење на ДУП-ови на приоритетни локации кои немаат воопшто или пак имаат многу стари планови кои мора да се донесат како Кале, Француски, Дуќанџик, најави Герасимовски.

Како што рече, во Центар следи и ревидирање на ДУП-овите. Герасимовски најави дека општинскиот совет нема да донесе ДУП кој нема да биде усогласен со Градскиот урбанистички план.

– Центар ќе биде зелен, со урганизирано градење какво што му доликува, изјави Герасимовски.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот