Герасимовски: Мора да биде спречена секоја форма на насилство и булинг меѓу децата

Општина Центар во Паркот на франкофонија со музички изведби, детски претстави, спортски активности на кои учествуваат децата од градинките и учениците од сите основни училишта во општината ја прославува Детската недела, која започна денеска.

Секое дете и секој млад човек е важен чинител во општество. Затоа е важно на секое дете да му се даде можноста да го оствари својот сон и аспирации, да ги каже своите размилувања и делувања со цел да земе активна улога во општеството. Ние возрасните како ваши воспитувачи, наставници, родители имаме обврска да ве поттикнуваме и да ве насочуваме кон негување на вашите интереси и реализација на истите – изјави градоначалникот Горан Герасимовски.

Тој зборуваше за правата на децата според Член 27 од Конвенцијата на Обединетите нации, но и за раното детектирање и спречување на сите форми на насилство меѓу кои и булингот.

Вие исто така мора да бидете заштитени од сите форми на насилно вклучувајќи го и булингот кој е застапен од најрана возраст. Вашите воспитувачи, наставници и стручни лица во градинките и училиштата се ваши пријатели, доколку имате проблем разговарајте со нив. Проблемите мора се споделуваат за да може да се решат. Воспитувачи, наставници внимавајте на однесувањето на децата и учениците и бидете првиот детектор дека нешто се случува. Во училиштата и градинките мора да биде спречена секаква форма на насилство и на тоа постојано мора да се работи – рече Герсимовски.

За крај им порача на децата да уживаат во детството, играат и се дружат, спортуваат и внимаваат на животната средина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот