Герасимовски: Матичниот број ќе биде доволна потврда при евентуалните злоупотреби на попишувањето

Лесно може да се утврди кој внесен податок е лажен, коментира за „Слободен печат“ поранешниот директор на Државниот завод за статистика, Дончо Герасимовски, по написите дека македонски државјани што живеат во земјава, користејќи странски компјутерски адреси се попишуваат на апликацијата наменета за иселениците. Според него, одговорот ќе го даде внесениот матичен број.

-Постојната апликација е наменета само за нашите иселеници. Но, самата апликација нема систем да провери дали податоците се релевантни или веродостојни. Сепак, тоа лесно се проверува, преку внесениот матичен број, како и податоците од местото на живеење, односно општината што исто така треба да се наведе и тоа ќе претставува доволна потврда, вели Герасимовски.

Тој додава дека Заводот веднаш треба да се зафати ажурно со ваква проверка на податоците, бидејќи, како што вели, доколку се натрупаат, може да го забави процесот на попишување.

Претходно од Државниот завод за статистика порачаа дека ваквиот начин на попишување претставува кршење на Законот за попис, во членот за давање лажни податоци, кој предвидува и тригодишна затворска казна.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот