Герасимовски: Имам конкретни решенија за трите клучни проблеми на Центар

Горан Герасимовски во гостување на ТВ24 / фото: ТВ24/принтскрин

Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, во вечерашното гостување на ТВ24 рече дека постои суштинска разлика меѓу неговата и програмата на неговата противничка, а тоа се конкретните решенија кои ги нуд за трите клучни проекти: сообраќајот, хигиената и урбанизмот.

„Моите три клучни пораки и проблеми коишто планираме првично да ги градиме, тоа е доволно паркинг места со конкретен број на паркинг места и конкретни места каде што ќе се градат истите и секако хигиената на повисоко ниво, а тоа е со поврзување на комуналното претпријатие ПОЦ со дополнителен сектор со комунална хигиена каде што ќе го зголемиме бројот на вработени и опрема за да ја подигнеме хигиената“, рече Герасимовски.

Тој потенцира дека нема да отстапи од „хуманата урбанизација“ и ќе се залага за побрзо донесување на ДУП-овите со кои, наместо габаритни градби, во општината ќе има градинки, училишта, културни центри и ново зеленило. За сообраќајот, Герасимовски рече дека ќе обезбеди резидентни паркинзи за станарите во Центар.

Тој додаде дека ќе работи исклучиво во интерес на граѓаните и затоа „секојдневно ќе одвојува по еден час за нив“. Мојата цел, рече Герасимовски, е „општината целосно да биде отворена за граѓаните, да има контакти да слуша и постапува по барањата и проблемите и тоа да се види во првите 100 дена од мандатот“. Само така ќе се врати довербата кај граѓаните, општина Центар треба да стане модерна и урбана со проекти во полза на граѓаните, смета тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот