Герасимовски: Го средуваме градежниот хаос на „Козара”, се градат седум згради на оваа улица

Горан Герасимовски /Фото: МИА

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, со инспекторите од Секторот за инспекциски работи денеска извршија увид во состојбата со градежните активности на улицата „Козара”.

Од Општина Центар информираат дека јавноста реагирала на градежната експанзија што се одвива на улицата „Козара”, пред сѐ поради вкупната бројка на згради, седум, кои во моментов се градат токму на оваа улица, но и непосредноста на градежните парцели на зградите. Поради обемните градежни активности и секојдневниот сообраќај на тешка градежна механизација, посочуваат дека видливи се и оштетувањата на улицата и големите дупки на коловозот, кои општината ќе ги санира во најбрз можен рок.

– Во целост го разбирам револтот на јавноста, но и на жителите кои живеат во околината. Поради тоа и денес сме овде, на лице место, да се увериме во состојбата на оваа улица и да видиме што можеме да направиме за да ја вратиме во нормално функционирање. Затоа и општинските инспектори се денес со нас и за евентуалните прекршувања на законските одредби одговорните лица ќе си сносат одговорност. Целата состојба со улицата е загрижувачка, а видливи се и оштетувањата на коловозот. Секторот за инспекциски работи ги задолжи инвеститорите во рок од три дена да го отстранат целиот градежен шут од тротоарите, во спротивно, ќе следуваат санкции, изјави по увидот градоначалникот Герасимовски.

Градоначалникот потенцира дека ќе се запази одвивањето на сообраќајот на градежната механизација во околината и дополнително внимание ќе се посвети на обврската на миењето на гумите на возилата.

Информира дека Општина Центар во најбрз можен рок ќе ги санира дупките и оштетувањата на коловозот и ќе го нормализира движењето на возилата во овој дел од општината.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот