Герасимовски: Апелирам до сите инвеститори да ги почитуваат законските процедури на градилиштата

Фото: Општина Центар

Во изминатиот период Општина Центар спроведува зачестени инспекторски контроли, а според извештајот на градежниот инспекторат за изминатиот месец и половина изречени се 37 записници за инспекторски надзори, 10 решенија за отстранување, 10 заклучоци за дозвола за извршување како и 1 присилно административно извршување на донесено решение за отстранување.

Уште во предизборниот период ветив засилени инспекторски контроли со цел брза реакција за нелегалните и небезбедни градежни активности на градилиштата. Мојата цел е хуманото градење со почитување на законските прописи вклучувајќи ја и безбедноста на граѓаните. Токму затоа денеска излегов заедно со градежните инспектори за да  видам како се одвиваат градежните зафати на градилиштата. Општина Центар ќе продолжи со засилени контроли затоа апелирам до сите инвеститори да ги почитуваат законските процедури при изведување градежни работи во градилиштата но и надвор од нив“ рече градоначалникот Горан Герасимовски, кој денеска заедно со градежните инспектори беше во  обиколка на градилиштата низ Центар.

Покрај инспекциските контроли на градежните инспектори, на градилиштата, како што информираат од Општина Центар, контрола спроведе и комуналната инспекција. Согласно Законот за јавна чистота,  се информираат изведувачите на градежни објекти да не вклучуваат во сообраќај моторни возила со валкани тркала, да не оставаат градежен шут, отпад и градежен материјал, освен на места определени за таа намена, да не се пали и уништува смет, да не се палат огнови на отворено за греење на работниците. Сите возила што излегуваат од градилиштата мора да имаат измиени тркала и да се покриени со церади, заради контрола на прашината.

Во однос на овие одредби, комуналните инспектори спровеле контрола на јавни површини на целата територија на Општината, контролирани се околу 20 градилишта, утврдени се неколку неправилности и санкционирани се превозници со валкани тркала.

Општина Центар извршила и повеќе вонредни надзори по пријави од граѓани, при што се изречени три глоби на правни лица и одговорни лица во фирмите, во вредност од по 1.300 евра за оставање градежен шут на јавни површини и неизградено градежно земјиште во приватна сопственост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот