Ѓер владее во женскиот ракомет

EPA-EFE/Tamas Kovacs

Ѓер продолжува да доминира во женскиот клупски ракомет откако во финалето го совлада рускиот тим Ростов со 25:24. На рускиот тим не му помогна ниту доскорешниот тренер токму на Ѓер, Амброш Мартин, унгарскиот тим трета година по ред триумфира во Лигата на шампионите.

Почетокот на натпреварот му припадна на Ростов кој во неколку наврати имаше и два гола предност (7:5, 10:8) но во финишот на првото полувреме, Ѓер успеа да направи целосен пресврт и со серија од 7:1 ја презеде контролата врз резултатот.

Екипата на Ростов не се предаваше во второто полувреме и во самиот финиш успеа да дојде до резултатски приклучок. На 40 секунди до крајот, Абинг намали на 24:25, нападот на Ѓер беше непрецизен, и Ростов доби шанса во последните шест секунди да дојде до израмнување но не успеаја навреме да упатат шут кон голот на Гримсбо.

Едуарда Аморим Талеска со седум и Анита Горбич со шест гола беа најефикасни во старо-новиот европски првак, додека прв стрелец на Ростов при денешниот финален пораз беше Абинг со седум погодоци.

Во натпреварот за третото место, Кристиансанд со 31:30 го совлада Мец.
Токму голманката на Ѓер, Кари Гримсбо е прогласена за МВП на завршниот турнир кој се одржа во Будимпешта. Најдобар стрелец е Лин Јорум Суланд од Кристиансанд со 89 постигнати голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот