ГЕОСТРАТЕШКИ КИКС НА ТРАМП: Американските трупи се „заглавија“ во Сирија

Фото: Профимедиа/Илустрација

Шефот на Пентагон, Марк Еспер изјави дека војската на САД во Сирија се наоѓа во многу лоша позиција, поради фактот што е поставена меѓу сириските и турските сили, пренесува „Спутник“.

Сириските сили од југ се движат кон северот, а турската војска само што влезе на северот на државата.

Еспер притоа истакна дека Америка не се согласила да војува против Турците, за на тој начин да ги заштити Курдите.

За ситуацијата во Сирија, тој рече дека САД не располагаат со доволна бројка на трупи во регионот за да пресретнат и запрат потенцијален напад на турската војска.

За потсетување, претходно американските власти соопштија дека ќе повлечат околу 3.000 војници од Сирија, а како што пренесуваа медиумите, главниот воен континент треба целосно да ја напушти Сирија во следните денови.

Инаку, Турција започна воена операција на северот на Сирија со цел да застане на патот, како што тврдат од Анкара, на создавање на терористички коридор долж турско-сириската граница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот