Георгиевски: Со победата над светскиот шампион го скршив мразот

Дејан ветува уште многу нови победи и радости/фото: EPA-EFE/RITCHIE B. TONGO

Дејан Георгиевски денеска го оствари најголемиот успех на Македонија на Олимписките игри по осамостојувањето со освојувањето на сребрениот медал во Токио.

Младиот 22-годишен таеквондист во финалето во категоријата над 80 килограми загуби од Русинот Ларин, и со тоа ги оствари најавите дека во Токио оди за да освои медал и да се бори за златото.

Знаменосецот Георгиевски цели кон медал, останатите олимпијци очекуваат лични рекорди

– Очекував медал, неслучајно претходно најавував дека ќе одам до медал, дека ќе се обидам да стигнам и до злато. Освоив сребро, но се надевам на поголеми успеси во иднина. Следната година ми следат нови предизвици, Светско и Европско првенство, на кои сакам да освојам нови медали за Македонија. Во моментов сум под импресии и не можам да кажам ништо повеќе. Првата борба ми беше најтешка, против себе го имав светскиот првак, но успеав да победам со што го скршив мразот – изјави Георгиевски за МТВ.

Георгиевски е 11-тиот Македонец  кој освојува медал на Олимписките игри

Костовски: Георгиевски ти си посебен, Македонијо се гледаме горди и достоинствени на плоштад

Костовски: Георгиевски ти си посебен, Македонијо се гледаме горди и достоинствени на плоштад

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот