Георгиевски: Слабиот старт на Вардар не мора ништо да значи!

фото: facebook.com/pg/ihtstruga

Гоце Георгиевски е еден од новите засилувања во редовите на актуелниот европски шампион Вардар 1961.

Македонскиот репрезентативец ги сподели очекувањата во пресрет на утрешниот полуфинален натпревар (4. септември, 20.30 часот) од СЕХА Газпром лигата на Фајнал-фор турнирот во Задар (Хрватска) против ППД Загреб.

За клубот ова ќе биде деветти настап на Ф4 турнирите и македонскиот првак петпати бил победник.

Реално сме нова екипа, со многу нови играчи, меѓу нив и јас. Тешко е за нас и за тренерот да се вклопиме на почетокот на оваа сезона. Секој ќе си ја добие својата шанса, јас исто ја чекам мојата шанса, ама има многу натпревари, на тој начин јас не гледам така.

Важно е за тимот да играме што покомпактно, мислам дека ни треба време, но како што поминува времето мислам дека сме подобри, повоиграни, се знаеме. Ете имавме малку среќа со Нексе и сега имаме шанса со ППД Загреб на Фајнал-фор турнирот, против добро познат противник. Секоја година овие две екипи играат по три-четири натпревари.

И тие имаат нов тренер, доста сменија во составот. Очекувам една борба, еден неизвесен натпревар, се надевам дека Вардар ќе се пласира во финалето. Јас како нов играч сум задоволен како се работи на тренинзите, од условите кои ги има, феноменални. Овој слаб старт од наша страна не мора ништо да значи, долга е сезоната, ќе треба време да се наместат сите коцки, имаме доста искусни играчи, млади, да се вклопи сето тоа и да се направи еден добар резултат – вели десното крило на „црвено-црните“, Георгиевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот