Георгиевски прв стрелец во европскиот Челинџ куп

фото:фејсбук

Во петокот на првиот меч од третото коло „условно“ како домаќин славеше ЧСМ Букурешт со 34:28 против Машека, а на денешниот реванш иако поразен со 28:25 успеа да се пласира во осминафиналето од европскиот куп.

На возвратната пресметка најефикасен во романскиот клуб беше македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски кој имаше седум голови (7/9).

На спротивната страна за белорускиот претставник шест погодоци запиша Дуда, по пет имаа Михалчук и Јанкуски.

Досега во следната фаза се пласираа уште Валур (Исланд), Хашрон (Израел), Драмен (Норвешка) и Халден (Норвешка).

Претходно во првите 60 минути нашето десно крило трипати се запиша во листата на стрелците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот