Георгиевски прв носител на Европското првенство во таеквондо во Манчестер

дејан георгиевски
Дејан Георгиевски брка нов медал на големите таеквондо натпреварувања/ фото: EPA-EFE/RITCHIE B. TONGO

Дејан Георгиевски во недела (22 мај) го очекува нов настап на големо таеквондо натпреварување, во овој случај Европското првенство кое се одржува во Манчестер, Англија.

Освојувачот на олимпиското сребро лани во Токио, македонскиот таеквондост е слободен во првото коло и ќе започне од четвртфиналната фаза во категоријата +87 кг.

А таму го чека победникот од борбата меѓу Милош Пилиповиќ (Норвешка) и Паско Божиќ (Хрватска).

Најавите се дека Георгиевски (1. носител во својата категорија), првата борба ќе ја има околу 12.00 часот.

Во продолжение и линк на кој ќе можат да се погледнат борбите ТУКА

Европско првенство во таеквондо, Манчестер 2022
Категорија +87 кг. (КАКО ИЗГЛЕДА КОМПЛЕТНАТА ЖРЕПКА МОЖЕТЕ ДА ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Осминафинале
Дејан Георгиевски (1. носител, Македонија) – слободен

Милош Пилиповиќ (9, Норвешка) – Паско Божиќ (8, Хрватска)

Омар Ел Јазиди (5, Франција) – Спиридон Ангелопулос (12, Грција)

Марко Ѓуричиќ (13, Србија) – Иван Мартинез Гарсија (4, Шпанија)

Куталмис Емре Атесли (3, Турција) – слободен

Кириакос Стратурас (11, Кипар) – Иван Конрад Трајковиќ (6, Словенија)

Чем Унлусој (7, Германија) – Рик Фармакс (10, Шведска)

Радик Исаев (2, Азербејџан) – слободен

Видео на денот