Георгиевски: Општина Гази Баба воведува обезбедување во сите основни училишта и градинки

Од 15 април стартува физичкото обезбедување во сите 11 основни училишта и двете градинки, вклучувајќи ги сите нивни 10 објекти, за што трошокот ќе го покрива општината.

– По иницијатива на градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски, родителите се ослободуваат од плаќање на обезбедувањето во образовните институции и целиот износ од четири милиони денари ќе ги покрива општината од сопствениот буџет, со цел сите деца да бидат безбедни 24 часа, со физичко и патролно обезбедување – соопштија од Општина Гази Баба.

Наведоа дека училиштата и градинките ќе ги обезбедуваат здружено три агенции.

– Од големо значење е да се обезбеди и унапреди безбедноста во установите каде престојуваат најмладите. Да бидат безбедни додека се таму, а да бидат сигурни и сите материјали, опрема и инвентар кои им се потребни за работа и учење, затоа што во минатиот период бевме сведоци на честите кражби во образовните институции – истакна Георгиевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот