Георгиевски: Одиме во Токио, живеам за олимписки медал!

Фото: facebook.com/dejan.be.xd

После борачот Могамедгаџи Нуров, Македонија ќе има уште еден учесник на претстојните Летни олимписки игри во Токио, Дејан Георгиевски во таеквондо.

Георгиевски на квалификацискиот турнир во Бугарија успеа во полуфиналето со 13:6 да го победи Исаев.

– Со ваков тим, со ваков темелен и долгогодишен план, со ваква поддршка од семејството, со ваква поддршка од сите вас, особено со моите тренери Борче и Дарко Костовски оваа олимписка норма беше реална и остварлива работа на огромно задоволство на сите нас, пред сè за Македонија!

Кога почнав да тренирам имав сон да учествувам на олимписки игри, кога станав европски сениорски шампион сонот порасна, тој е да донесам медал од олимписки игри!

Во оваа прилика сакам од сè срце да ви се заблагодрам на сите за огромната поддршка, да се заблагодарам на сите медиуми за нивната исто така огромна подршка, на сите оние кои ми помагаат и ќе ми помагаат во иднина, без вас сето ова би било помалку вредно.

Сакам од срце да се заблагодарам на Таеквондо Клуб Бутел, на сите натпреварувачи таму, таму ќе се родат многу олимпијци убеден сум, ете некако сè, се погаѓа јас да го кршам мразот, многу ми е жал што Филип Додевски со повреда беше спречен да оствари олимписка норма, сигурен сум дека сега ќе бевме двајца со норма.

На моите тренери сакам да им порачам дека ќе дадам се од себе и понатака, дека нивниот неверојатен труд, нивната пожртвувана посветеност и стручност ќе ја оправдам максимално на олимписките игри во Токио! Јас живеев и ќе живеам за олимписки медал, пред и над сè ЗА МАКЕДОНИЈА!

Почитувани денеска пристигнуваме во Скопје, многу ми е драго што се организира пречек на нашиот олимписки тим во мојот Бутел, би сакал да ве видам во што поголем број во 19 часот пред црквата Св. Јован! ЗА МАКЕДОНИЈА! Слава на Господ! – напиша Георгиевски на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот