Георгиевски: Ниту еден натпревар со Нексе не е лесен, но одиме на победа

фото: РК Вардар

Ракометарите на Вардар ги продолжуваат настапите во СЕХА Лигата каде утре му гостуваат на Нексе. Вардарци против тимот кој минимално го совладаа во Скопје (27:26) во второто коло, сега ќе настапат драстично ослабени поради отсуството на Стоилов, Јотиќ, Валчак и Димитриоски, но македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски вели дека и без нив, Вардар оди на победа.
– Не очекува добро познат противник против кого сме играле многупати досега. Ни следува период после ЕХФ-неделата и настап во репрезентација и ни недостасуваат некои играчи. Веднаш патуваме, утре играме. Немаме многу време. Го анализиравме тој меч што го игравме во февруари. Сигурно ќе биде тешко. Ниту еден меч со Нексе не е лесен. Ќе одиме на победа, зошто сакаме и подобро да бидеме пласирани на табелата. Нексе има нов тренер, малку имаат сменето во играта, во одбрана и напад, но горе–долу тоа е истата екипа – смета Георгиевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот