Георгиевски: Ништо друго не сум бил освен Македонец!

Љубчо Георгиевски / Фото: Архива на „Слободен печат“

Претседателот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски кој деновиве излезе со предлог план за решавање на спорот со Бугарија, којшто власта не го прифати, вели дека тој не е ништо друго освен Македонец.

Одговарајќи на прашање како ќе се определи на претстојниот попис во емисијата „Стадион“ на Канал 77, Георгиевски вели дека и тука и во Бугарија кажал дека тој не може да се определи како ништо друго освен како Македонец.

-Јас тоа секаде сум го кажувал, дури и во Бугарија а последен пат токму на нивното радио Фокус, пред три дена ми го поставија истото прашање. И ним и на сите им велам, јас освен Македонец, не можам никако да се определам, изјави тој.

Во однос на планот за решавање на спорот со Бугарија што го предложи, Георгиевски вели дека во однос на јазикот, треба да биде прифатен фактот дека во османлискиот период, официјално писмо а според тоа и јазик бил бугарскиот.

-Тоа не може да го пренебрегнеме како факт. Тогаш се користело тоа писмо. Еве, сега на пример, мене да ми кажете, јас веднаш би можел да пишувам на српски јазик, ме разбирате. Значи во сите македонски организации, без оглед дали биле револуционерни или нереволуционерни, граѓански и црковни, официјално се користело тоа писмо и јазик. Тоа не значи дека тие не биле Македонци, туку тоа било официјалното писмо, и како што ние во СФРЈ го владеевме српскиот, така тогаш тие го владееле бугарскиот јазик, вели Георгиевски.

Во емисијата тој уште еднаш ги повтори своите позиции во однос на историските спорни прашања со Бугарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот