Георгиевски: Нијанси решаваа против Чешка, против Австрија на победа

фото: EPA/VALDRIN XHEMAJ

Македонскиот пивот Стоилов смета дека ништо не е загубено, треба да се извлече поука и да се даваат голови кога имаме шанси во текот на натпреварите.

Нашето десно репрезентативно крило Гоце Георгиевски вели дека нијанси решаваа на вториот меч на Европското првенство кој го загубивме од Чешка со 27:25.

И покрај пропуштената шанса денеска да се обезбеди настапот во главната фаза, последна можност ќе имаме во третото коло кога ќе играме против домаќинот Австрија.

– Очекувавме тежок меч со Чешка. Нијанси решааваа. Се боревме до самиот крај. Не треба тука да застанеме. Одиме позитивни и оптимистички настроени со Австрија. Да се одмориме добро и да одиме на победа. Австрија повеќе ни „лежи” од Чешка – рече Георгиевски.

Според пивотот Стојанче Стоилов не треба да тагуваме и дека мора во добра атмосфера да го очекуваат дуелот против Австријците.

-Ништо не е загубено. Имаме уште еден натпревар кој треба да го добиеме. Имаме шанси. Денеска ние промашивме, они дадоа и тоа е тоа. Од овој натпревар треба да извлечеме поука, да даваме голови кога имаме шанси – беа зборовите на Стоилов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот