Георгиевски награден со 30.000 евра за среброто, колку се плаќаат олимписките медали во поранешна Југославија?

На теквондо турнирот „Скопје Опен 2022“ ќе учествуваат седум држави/Фото: Македонски олимписки комитет

Македонија вчера го освои вториот олимписки медал по независноста, Дејан Георгиевски ја израдува нацијата со сребрениот медал кој има златен сјај.
Георгиевски на олимпискиот турнир во таеквондо во категоријата над 80 килограми е поразен во финалето од Владислав Ларин од Русија, и по Могамед Ибрагимов од 2000 година, повторно ја стави Македонија на листата на освојувачи на медали.

За освоениот сребрен медал, Георгиевски е награден од Владата со 20.000 евра, а од Агенцијата за млади и спорт ќе добие дополнителни 10.000 евра како и доживотна пензија за спортист од светска категорија во висина од 1.3 просечни нето плати.

Со освојувањето на првите медали, пристигнаа и информации колку државите во регионот, односно земјите од поранешна Југославија ги наградуваат своите спортисти за успесите во Токио.
Најдарежлива држава во наградувањето на своите спортисти е Косово чии спортисти освоија два златни медали во џудо. Нора Ѓакова и Дистрија Красничи за освоените златни медали на Игрите во Токио ќе бидат наградени со по 100.00о евра.

Дарежлива е и Србија која има освојувачи и на златен, и на сребрен и на бронзен медал. Златната таеквондистка Милица Мандиќ ќе биде наградена со 70.000 евра. Освојувачите на сребрен медал ќе освојат по 60.000 евра, додека бронзеиот медал вреди 50.000 евра.

Останатите држави не се толку дарежливи. Црна Гора која засега нема освојувач на медали, според правилникот, евентуалните освојувачи на златен медал ќе ги награди со 35.000 евра, 30.000 евра ќе добијат освојувачите на сребрен медал, а 25.000 евра вреди брозен медал.

Хрватска златниот медал го вреднува 27.600 евра, сребрениот 17.200 евра, додека освојуваќот на бронзен медал ќе биде награден со 12.200 евра.

Словенија која исто така има освојувач на златен, сребрен и бронзен медал, парично ќе го награди спортистите. Владата на Словенија одлучи со 20.000 евра го награди секој осдвојувач на златен медал, 17.500 евра ќе добие сребрениот од ОИ, додека освојувачот на бронзен медал ќе добие 15.000 евра.
Најскржава е БиХ која одлучи освојувачот на било кој медал на Игрите во Токио да добие само 2.300 евра.

Костовски: Георгиевски ти си посебен, Македонијо се гледаме горди и достоинствени на плоштад

ВИДЕО: Сите на плоштад, да го пречекаме олимпискиот вицешампион Дејан Георгиевски

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот