Георгиевски: На следните Олимписки игри во Париз ќе донесам златен медал

Таеквондистот Георгиевски со олимпиското сребро во Токио/Фото: Македонски олимписки комитет

Како што е познато, таеквондистот Дејан Георгиевски го освои второто место и сребрениот медал на Олимпијадата во Токио со што го обезбеди единствениот медал за Македонија.

Георгиевски до овој успех дојде во категоријата +80 килограми, а во финалето загуби од Русинот Владислав Ларин со 15:9.

Но, и покрај поразот, Георгиевски се запишува во историјата на македонскиот спорт, како втор освојувач на медал на Олимпијадите.

Претходно, пред 21 година, на Игрите во Сиднеј, Могамед Ибрагимов освои бронзен медал во борење.

Денес на прес конференција Дејан оптимпистички најави нов медал, но сега златен на следните игри:

– На следните Олимписки игри 2024 ќе донесам златен медал и се надевам дека ќе отидеме во што поголем број и дека ќе има медали од повеќе спортови. Благодарност до Македонскиот олимписки комитет, мојот тим, Таеквондо клубот Бутел и целата македонска јавност за поддршката што ми ја дадовте. Сега се подготвуваме за следните натпреварувања да собираме поени за норма во Париз, ќе работиме уште понапорно – изјави Георгиевски.

Георгиевски шестопласиран на светската теквондо ранг листа

Видео на денот