Георгиевски: Мотор е потенцијален противник и во Лигата на шампионите

фото: РК Вардар

Вардарци му гостуваат на Мотор Запорожје во својот трет натпревар во СЕХА лигата, со што ќе го заокружат „пеколниот“ февруари, во коj одиграа пет натпревари досега, а имаа и неколку одложени дуели. Вардар досега има две победи во двата натпревари во СЕХА, но утревечер (20.15 ч.) против Мотор Запорожје ќе го имаат најтешкиот предизвик во регионалното натпреварување.

– Ни следи натпревар против Мотор во рамките СЕХА лигата. Овој период имавме многу средби, иако очекувавме вакво темпо, сепак тешко е за нас, но верувам и за другите екипи. Ни следи долг пат до Запорожје и сериозен противник. Мотор игра добро и во Лигата на шампионите, третопласиран е во тешка група. Од тоа што можевме да видиме, тие многу трчаат, постигнуваат многу голови и имаат квалитетна екипа. Го гледам како потенцијален противник во осминафиналето во Лигата на шампионите. Мора добро да се подготвиме, иако е дуел од раната фаза на СЕХА лигата, секоја победа носи дополнителна самодоверба и подобра атмосфера. Се надевам ќе се подготвиме добро и ќе извлечеме добар резултат – вели Гоце Георгиевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот