Георгиевски: Мора да бидеме подобри на дуелот против Белорусија

Ракометна репрезентација на Македонија/Фото: EPA-EFE/Mohamed Abd El Ghany/POOL

За македонската најдобра репрезентација останува уште еден натпревар на Светското првенство, тоа е третиот дуел од главната фаза против Белорусија.

Мечот е закажан за в недела од 15.30 часот во Каиро, можеби и добра шанса да се заврши Мундијалот со уште еден триумф.

Селекторот Данило Брестовац по последниот нов убедлив пораз од 32:20 од Русија, истакна дека повторно се повторуваат грешките, но имаме млад тим од кој очекува да биде подобар во наредните натпреварувања.

– Пропуштивме многу шанси против селекцијата на Русија и затоа разликата на крајот беше голема. Мора да покажеме подобри перформанси на последниот дуел во групата против Белорусија – вели нашиот репрезентативец Дарко Георгиевски.

Георгиевски кој игра на позицијата лев бек, севкупно досега на овој Мундија постигна четири гола, по еден против Шведска и Египет и два против Русите, а не беше во составот за натпреварите со Чиле и Словенија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот