Георгиевски ќе ја тужи ВМРО-ДПМНЕ поради одземената титулата почесен претседател

Првиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, а подоцна и почесен претседател, Љубчо Георгиевски, не е задоволен од последните статутарни измени во неговата поранешна партија и смета дека веќе стекнатото право како почесен претседател на партијата не може да му биде одземено.

Тој веќе го подготвува адвокатскиот тим за покренување на тужба против ВМРО-ДПМНЕ во негово име, бидејќи согласно позитивната правна регулатива веќе стекнато право не може да биде одземено, пишува Поглед.мк, портал близок до неговата сегашна партија ВМРО-НП.

Со последните измени во статутот на партијата се укинуваат позициите почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Освен Љубчо Георгиевски, почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ беше и Никола Груевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот