Георгиевски ќе биде знаменосец на македонскиот олимписки тим во Токио

Фото: facebook.com/darko.kostovski.543

Дејан Георгиевски ќе биде знаменосец на Македонскиот олимписки тим на Олимписките игри во Токио (Јапонија) кои се очекува да се одржат годинава од 23 јули до 8 август.

Оваа информација ја пренесува тренерот на таеквондо клубот „Бутел“, Дарко Костовски, на својот фејсбук профил.

– Денеска е ден на Македонското знаме! Почитувани, со посебно задоволство сакам да ве известам дека нашиот олимпиец Дејан Георгиевски ќе биде знаменосец на Македонскиот олимписки тим на олимписките игри во Токио – стои во објавата на Костовски.

Потсетување дека Георгиевски на квалификацискиот турнир во Софија (Бугарија) ја обезбеди олимписката норма, во големото финале со резултат 13:6 го совлада актуелниот олимписки шампион Радик Исаев од Азербејџан.

Тој е вториот македонски олимпиец учесник во Токио, претходно борачот Могамедгаџи Нуров се избори за норма.

ВИДЕО: Димевски силно верува дека Георгиевски ќе се закити со медал во Токио

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот