Георгиевски: Имав документ кој упатуваше дека Стојменов земал провизија за приватизацијата на Стопанска Банка

Имаше еден документ кој укажуваше дека екс министерот за финансии, Борис Стојменов земал провизија од приватизацијата на Стопанска банка и истиот го предадов на Никола Груевски, рече екс претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, а сега лидер на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски во емисијата „Во центар“.

Меѓутоа документот не бил отворен во јавноста и притоа изрази сомневање дека истиот, како што рече, е употребен за купување на ТВ Канал 5.

-Борис Стојменов стана министер за финансии и демонстрира мал реформски капацитет. Меѓународниот Монетарен Фонд и Светската Банка се жалеа од него. Кога дојде реконструкција на владата на крајот на 1999 година, му реков Борис гледаш и самиот дека не ја бива работата. Го сменив Стојменов за да го ставам Никола Груевски по што ми стана најголем непријател, а тие двајца си правеа бизниси. Имаше еден документ што го обезбедив кој упатуваше дека Борис Стојменов земал провизија за приватизацијата на Стопанска Банка. Груевски не го отвори во јавноста, но мислам дека го има употребено при купувањето на ТВ Канал 5 за време на неговото владеење, истакна Георгиевски во дел од интервјуто.

На ваквото негово тврдење досега нема реакција ниту од Стојменов, ниту од Груевски. Љубчо Георгиевски беше премиер на Владата во периодот од 1998 година до 2002 година. Министри за финансии за време на неговиот мандат беа, најпрво Борис Стојменов беше министер за финансии, а потоа и Никола Груевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот