Георгиевски: Сакав да го тужам СЈО, но ме премислија адвокатите

Во вечерашното интервју за Тeлевизијата 24 вести, каде гостуваше поранешниот премиер, Љупчо Георгиевски беа изнесени изјави како: „во судството има многу големи дискрепанци, правди, неправди…“., а дека, најверојатно, имаме проблем и со законите.

Георгиевски мисли дека дел од истрагите на СЈО биле искористени за земање рекет.

– Јас лично сакав да го тужам СЈО, но некои адвокати ми рекоа „ќе ти извадат приватни муабети, па ќе се чудиш“. Постоеше тоа дека не смее да се чепка со СЈО – вели Георгиевски за случајот „Поштенска банка“.

Eкс премиерот се сомнева дека во десетина предмети има рекетирани луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот