Георгиески: Законот за дивоградби не важи за бесправно изградените објекти во Охридскиот регион

фото Архива

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески по повод вчера усвоениот Закон за легализирање дивоградби појасни дека станува збор за правен акт со кој се уредува правниот статус на бесправно изградени објекти, но истиот не важи за спорни објекти во рамки на Охридскиот регион.

Според Георгиески, Законот не ги опфаќа дивоградбите кои го нарушуваат природното и културното наследство запишано во Списокот на светското природно и културно наследство, како и дивоизградени станбени згради и дивоизградени доградби и надградби на станбени згради.

Георгиески на својот официјален Фејсбук профил најави дека Општина Охрид продолжува со активностите за отстранување на бесправните објекти од крајбрежјето на Охридското Езеро согласно препораките на УНЕСКО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот