Георги Панајотов: Живееме во време на тектонски геополитички поместувања

При преземањето на функцијата, времениот министер за одбрана на Бугарија Георги Панајотов истакна дека главната задача на времената влада е организирање и одржување на предвремените парламентарни избори на 11 јули.

– Живееме во време на тектонски геополитички поместувања. Во такви времиња, армијата мора да биде силна, истакна Панајотов.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, новиот министер за одбрана на Бугарија и искусен дипломат, нагласи дека мора да се развијат способностите на бугарските вооружени сили и да се модернизира армијата.

Според него, најголеми можности на бугарската армија се нејзините кадри, нејзините генерали, адмирали, офицери, наредници, војници и цивили. Во моментов се одржуваат вежби, претстојат нови и во Бугарија и преку НАТО, претстои Самит на Алијансата, како и подготовки за повлекување на бугарскиот контингент од Авганистан, додаде министерот Панајотов.

Тој изрази надеж дека стабилното безбедносно опкружување ќе биде од корист на Бугарија за таа да може мирно да ги одржи претстојните парламентарни избори, како и да биде предвидлив и стабилен сојузник во рамките на НАТО.

Традиционално, новиот министер за одбрана Георги Панајотов од досегашниот Красимир Каракачанов доби икона на Свети Ѓеорѓи, заштитник на бугарската армија. Каракачанов му посака на новиот министер за одбрана, неговиот тим да работи со иста волја за зајакнување на способностите на бугарската армија и зголемување на нејзините можности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот