Геодет ветувал елаборат на странки, а за возврат им ги „собрал“ само парите

Полициската станица Гевгелија поднесе кривична пријава против К.Р.(58) од село Прдејци, гевгелиско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама во службата“.

Пријавениот, во текот на декември 2018, како геодет во геодетска фирма од Гевгелија, лажно им ветил на оштетените Б.А. и Д.У. дека ќе им изготви геодетски елаборати потребни во постапка за легализација на бесправно изградени објекти, при што Б.А. му дал на рака парични средства во висина од 24.000 денари, а Д.У. во два наврата му дала вкупно 15.000 денари.

Оштетените биле доведени и држени во заблуда од пријавениот дека геодетските елаборати се изготвени и доставени до Одделението за урбанизам при Општина Гевгелија.

Подоцна оштетените добиле правен акт од Одделението за урбанизам, со кој нивното барање за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти било отфрлено од причина што не бил доставен геодетски елаборат во законски предвидениот рок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот