Генијални начини на кои можете да ги користите чепкалките за заби!

Освен што повеќето ги користат за да проверат дали колачот е печен, корисни се и кај многу поправки во домаќинството, а знаат и да не спасат од многу непријатности во дворот.

Еве неколку примени за чепкалките за заби кои може да ви се најдат корисни:

1. Може да спречи претекување на супата

На сите некогаш ни се случило да ја запалиме ринглата, да го ставиме ручекот да се готви и кога ќе се вратиме да најдеме неред на шпоретот. За да не ви прекипи ниту едно јадење, користете чепкалка за заби. Наместо скроз да го затворите тенџерето со капакот, помеѓу ставете чепкалка. Така пареата ќе има доволно простор да излезе, а нема да има можност да прекипи.

2. Затворете ја дупката на гуменото црево во градината, така што ќе скршите една третина од чепкалката и ќе ја ставите во дупката додека нејзиниот крај не биде еднаков со цревото. Залепете со водоотпорна леплива трака за да го прицврстите местото.

3. Кога прашината ќе ви навлезе во рамката околу екранот или камерата, потопете ја чепкалката во малку алкохол и исчистете. Со чепкалката вака можете да го исчистите и далинското, но и споевите помеѓу шпоретот и работната површина во кујната.


4. Сигурно барем еднаш во животот сте се изнервирале што не сте можеле да го најдете почетокот на селотејпот. Тој проблем можете да го решите со чепкалката за заби – после користење на селотејпот крајот замотајте го околу чепкалката.

5. Кога ќе спремате компир во рерната, направете му „нозе“ од 4 чепкалки така што ќе се испече од сите страни рамномерно.

6. Со чепкалките можете да ги обоите деловите кои со класичната четка не можете да ги дофатите, како што се споевите помеѓу лајсните и ѕидот, околу штеќерот или прекинувачот за светло.

7. Украсете ја тортата. Спречите ги грешките така што со чепкалката лесно ќе нацртате букви или што и да посакате, пред да го земете шприцот за шлаг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот