Генијална акција во Холандија, фудбалери играа пред 15.000 плишени мечиња на трибините (ФОТО)

Екипата на Херенвен најде начин да ја продолжи традицијата.

Октомври е месецот во кој се одбележува борбата против ракот и низ целиот свет се организираат хуманитарни акции за заболените со цел кревање на свеста за оваа болест.

Холандскиот прволигаш Херенвен секоја година во октомври организира акција во која навивачите на теренот фрлаат плишени мечиња и со тоа им даваат поддршка на децата болни од рак.


Бидејќи поради пандемијата на коронавирусот не е дозволено присуство на навивачи на трибините, екипата на Херенвен мораше да смисли поинаков начин на поддршка, и на крајот успеаја во целта.


Имено, на натпреварот Херенвен – Емен дури 15.000 плишени мечиња ги разубавија трибините на стадионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот