Генијален трик со кој бананите ќе останат свежи и до недела дена! (ВИДЕО)

Смеѓите точки на бананите се знак дека дозреваат, дека се полни со шеќер и корисни состојќи, но кога темните точки ќе преовладаат тоа е знак дека бананата презреала, дека е со брашнеста текстура и дека во вкусот се чувствува ферментација. На собна температура тоа се случува многу брзо (а во фрижидер не смеат да се држат), затоа ова решение е одлично, велат од prva.rs.

За бананите да не завршат во ѓубре, со овој супер практичен трик ќе останат подолго свежи, цврсти, вкусни и воглавно жолти. Бананите се многу здрави, содржат многу минерали, витамини и влакна и добро е да се јадат секој ден. Зрелата банана има мали смеѓи точки и во таа фаза е многу слатка и брзо се вари. Точките се прават,  бидејќи во ова овошје се развива ензим кој го убрзува процесот на дозревање, но секогаш негативно не изненадува кога бананата потполно ќе ја промени бојата и стана кафена.

Бананите брзо созреваат во топли простории и покрај прозорот каде што се изложени на сонце. Тие доаѓаат од тропска клима, па нивните клетки немаат природна одбрана од студот, поради што не треба да се држат на ладно и во фрижидер. Доколку се делумно зелени (а често во супермаркетите купуваме токму такви) во фрижидерот нема воопшто да созреат, туку ќе станат многу меки и црни.

Што да се направи?

Стручњаците го порачуваат следниот трик. Потребна ви е проѕирна фолија за пакување која веројатно ја имате веќе во кујната. Малку фолија замотајте околу дршката на бананата и тоа многу ќе го спореди процесот на дозревање. Ќе бидете изненадени, но ваквото „спремање“ на бананите може да ја задржи свежината дури и до недела дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот