Генијален трик на еден татко: Децата не  го слушале, па нашол начин да ги научи на памет

фото:принтскрин Фејсбук

Родителите на тинејџерите знаат колку е тешко да ги  натераат да си ја средат својата соба во која трупаат облека, валкани  чинии или храна. со истиот проблем се соочил и таткото Чед Мекхант, кој вели дека секојдневно децата ги предупредувал дека мораат да  средат зад себе.

Неодамна на Фејсбук тој сподели објава со која ги воодушеви неговите пријатели. Имено Чед покажа како  конечно успеал да го реши проблемот со средувањето, а било доволно да купи пакување црн ориз, пренесува Дејли рекорд.

„Значи вака, имам деца тинејџери. Постојано  се караме околу тоа да не јадат во  својата соба и да ги враќаат валканите садови во кујна. Им се заканив дека ќе им се всели глушец, а тоа ќе значи повик и за неговите пријатели. Се изморив од постојаното повторување на едно  исто и решив да им одржам лекција. Отидов во продавница и купив пакување црн ориз па зрната ги расфрлив под нивните кревети, ормарот, дури и неколку додадов на чаршафите. Изгледаше како измет од глувци. Се преплашија, и не морам посебно да истакнам, дека веќе немаме проблем со чистењето на собата“ – напиша таткото.

Неговата објава на социјалните мрежи брзо стана вирална, а благодарните родители го фалат во коментарите велејќи дека и тие ќе го пробаат истиот трик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот