„ГЕНИЈАЛЕЦ“ од Црна Гора: И Џордан мислеше дека хеликоптерот нема да падне, па падна (ВИДЕО)

Фото: Твитер

Политиката и политичарите не се добра комбинација за спортот.

Последниот неславен пример доаѓа од Црна Гора, каде претседателот на општина Будва, Марко Царевиќ кој на неодамнешното гостување на локална телевија „истресе“ неверојатен бисер.
„ И Мајкл Џордан мислеше дека нема да падне хеликоптерот , па падна“, рече Царевиќ на телевизија.


Првиот човек на Демократскиот фронт во Црна Гора мислеше на трагичната смрт на Коби Брајант, но никој во студиото не го исправи за невидениот лапсус, приказната стана бизарна.

Драган Иванчевиќ од партијата Црногорска, на денешната седница на општина Будва, побара градот да му се извини на Мајкл Џордан поради изјавата на Царевиќ.

– Барам јавно да му се извиниме на Џордан бидејќи тој е жив и здрав. Џордан има 57. години и често престојува во Вест Палм Бич на Флорида, град кој е збратимен со Будва – рече Иванчевиќ со што предизвика смеа во салата, но неговиот предлог не беше прифатен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот