Генетиката не е единствениот фактор: Лекарите открија шест скриени причини за мигрена

мигрена главоболка
Фото Профимедиа

Мигрената е невролошко нарушување кое предизвикува интензивна болка која обично се појавува на едната страна од главата, додека една третина од мигренските болки ги погодуваат двете страни, пишува „Хјустон методист“ (Houston Methodist).

Генерално, мигренозната главоболка може да трае од четири до 72 часа и обично е поврзана со еден или повеќе рестриктивни симптоми, вклучувајќи слаб вид, повраќање, гадење, вртоглавица, чувствителност на звук, чувствителност на светлина, мирис и допир и вкочанетост во подрачјето на лицето.

Се проценува дека два отсто од светската популација страда од хронични мигрени, а оваа исцрпувачка состојба обично ги погодува жените почесто отколку мажите. Иако генетиката игра важна улога во појавата на мигрена, лекарите откриваат дека таа не е единствената причина.

Имено, постојат дури шест суптилни работи кои можат да доведат до мигрена. Како што објаснуваат, предизвикувачите на мигрена обично варираат од личност до личност, а некои од најчестите предизвикувачи на кои треба да внимаваме за барем малку да ги намалиме епизодите на напади на мигрена вклучуваат:

– консумирање на одредени видови храна и пијалаци (црвено вино, солена и зачинета храна, сирење, чоколадо, цитруси, алкохол, преработено месо, чадено месо, јаткасти плодови, сушено овошје, вештачки зачини и засладувачи и сите маринади во кои се користат) 
– промени во вашата рутина
– проблеми со спиењето (несоница, апнеја)
– стрес
– временски промени
– изложеност на мириси и силна светлина

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот