Генералното собрание на ОН за првпат во историјата без светските лидери поради пандемијата

Генерално собрание на ОН / Фото: Архива

Претседателот на Генералното собрание на ОН, Тиџани Мухамад-Банд изјави дека лидерите на државите членки нема да дојдат во Њујорк на крајот на септември на годишниот собир, за првпат во историјата на таа организација, поради пандемијата на коронавирусот.

Сепак, тој посочи дека се надева дека во наредните две недели ќе го објави начинот на кој претседателите на 193 земји ќе одржат говор за локалните и глобалните теми за време на генералната дебата.

Мухамад-Банд на прес-конференцијата изјави дека светските лидери нема да дојдат во Њујорк за годинашната сесија на Генералното собрание на ОН. Нивното пристигнување е секогаш придружено со големи делегации, што претставува ризик во сегашните услови на пандемијата на коронавирусот.

Таа состојба е преседан во историјата на одржувањето на седници на Генералното собрание на ОН – за првпат по 74 години, седницата нема да се одржи на вообичаен начин.

Видео на денот