Генералното собрание на ОН со осуда за американското ембарго врз Куба

Генерално собрание на ОН / Фото: Архива

Генералното собрание на ОН го осуди американското економско ембарго на Куба веќе 28. година по ред, со што ги отфрли критиките на САД за злоупотреби на човековите права на Хавана и ги критикуваше заострените мерки на Вашингтон.

За Резолуцијата во која се осудува ембаргото во САД гласаа 187 членки на ОН, против беа само три – САД, Израел и Бразил, додека Колумбија и Украина беа воздржани.

Бразил е прва јужноамериканска држава што галсаше против резолуцијата во изминатите пет години.

Минатата година за осуда на ембаргото гласаа 189 членки, а САД и Израел се спротиставија на тоа. Молдавија не гласаше сега ниту минатата година.

Резолуциите на ГС на ОН не се правно обврзувачки или извршни, но тие го одразуваат ставот на светското јавно мислење.

САД го воведоа ембаргото на Куба во 1960 година по револуцијата предводена од Фидел Кастро и национализацијата на имотот на американските граѓани и корпорации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот