Генералното собрание на ЛДК ја поддржа кандидатурата на Хоти за нов премиер

Генералното собрание на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) со големо мнозинство ја поддржа кандидатурата на партискиот потпретседател Авдулах Хоти за кандидат за нов премиер на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Веста ја објави лидерот на ЛДК Иса Мустафа, преку писмо со кое им се заблагодари на членовите на највисокото партиско тело за тоа што одговорија на барањето да се изјаснат за кандидатурата на Хоти.

Од 124 члена на Генералното собрание, вкупно гласале 117, од кои „за” 115 и двајца „против”.

– Врз основа на ова, како претседател на ЛДК, констатирам дека Генералното собрание одлучи да го именува Авдулах Хоти за кандидат за премиер на Република Косово, напиша Мустафа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот