Главниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денес прв пат разговараше со новоизбраниот претседател на САД Џозеф Џо Бајден, по претседателските избори во САД.
Столтенберг му ја честиташе победата на Бајден, соопштија од НАТО.
Покрај честитката за изборната победа, Столтенберг се заблагодарил за поддршката кон НАТО и трансатлантските односи, наведено е во соопштението кое го пренесува порталот Политико.
Столтенберг му порача на Бајден дека се радува на идната многу тесна соработка за понатамошно зајакнување на врските меѓу Северна Америка и Европа и подготовките за самитот на лидерите на НАТО следната година.