Генералниот директор на Светската трговска организација поднесува оставка

Генералниот директор на Светската трговска организација (СТО), Роберто Азеведо, денеска поднесува оставка, оставајќи ја организацијата без лидер во моменти кога се соочува со најголемата криза во својата 25-годишна историја.

– Ова е навистина ново, иако за жал не изненадува, низок момент за СТО, рече Рохинтон Медхора, претседател на Центарот за меѓународни иновации во управувањето. Според него, со СТО веќе некое време не се управува, а сега и функционално ќе биде без лидер. Заминувањето од функцијата беше најавено во јуни, од кога трае процедурата за избор на негов наследник. Вообичаен процесот за избор на директор на СТО трае девет месеци, но поради пандемијата на Ковид-19 се очекува да биде завршено за три месеци.

Бразилецот Азеведо прифати работа во компанијата пепси, а осум кандидати претендираат да го заменет на неговата функција во СТО од која замина една година пред истекот на мандатот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот