Генералниот директор на Одделот за транспорт на ЕК поднесе оставка, користел бесплатни летови

ЕК/ Фото архива

Генералниот директор на Одделот за транспорт на Европската комисија (Dg Move), Хенрик Хололеј, ќе се повлече од функцијата откако беше откриено дека прифатил бесплатни летови од Катар ервејс додека неговиот тим преговараше за голем авијациски договор со оваа земја од Персискиот залив.

Тој е предмет на внатрешна истрага за летовите, пишува бриселски Политико и пренесува дека портпаролот на Комисијата им рекол на новинарите дека Хололеј ќе се пресели на својата нова позиција на 1 април.

Хололеј ги информирал своите колеги за неговото заминување преку е-пошта, во која изјавил дека петок е неговиот последен ден во Dg Move.

Политико пред еден месец објави дека Хололеј во периодот од 2015 до 2021 година деветпати летал на бизнис класата на Катар ервејс и дека шест од бесплатните летови се случиле за време на договорот за пристап на пазарот ЕУ-Доха, од кои четири биле платени од владата на Катар или група поврзана со Катар.

Откритијата предизвикаа бура од критики, повици за истрага и барања за преиспитување на правилата.

Комисијата првично инсистираше на тоа дека Хололеј не прекршил никакви правила, но подоцна почна да ги заострува истите тие правила за да се осигура дека таквото однесување нема да се повтори во иднина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот