Генерал Рејмонд официјано прв шеф на американските Вселенски сили

Според официјални лица, Вселенската војска ќе организира, обучува и екипира воен персонал кој пред се ќе се занимава со операции во вселената.

Во Белата куќа пред потпретседателот Мајк Пенс официјална заклетва даде генералот Џон Рејмонд, командант на новиот воен род во армијата на САД – Вселенските сили, јавија синоќа од Белата куќа.

Генералот Рејмонд беше назначен на функцијата на 20 декември 2019 година, кога претседателот Доналд Трамп потпиша закон со кој се воведе новиот род во армијата на САД.

-Вселенската војска ќе придонесе во спречување на агресијата и контрола на ситуацијата од максимална височина, изјави Трамп при потпишивањето на законот.

Според официјални лица, Вселенската војска ќе организира, обучува и екипира воен персонал кој пред се ќе се занимава со операции во вселената.

Улогата на армијата во вселената е предмет на внимателно изучување затоа што САД се повеќе се потпираат на орбиталните сателити кои тешко се заштитуваат. Сателитите обезбедуваат врски, навигација, разузнавање и други сервиси животно важни за армијата и за економијата на земјата.

Вселенската војска ќе биде под команда на Воздухопловните сили, во сличен режим како што и Морнаричката пешадија (маринците) е посебна служба во состав на Воено-морската флота на САД.

Според официјални лица, првичнот состав на Вселенските сили ќе вклучи илјада војници од Воздухопловните сили, а исто така и цивилен перснал кој сега служи во Вселенската команда на Воздухопловните сили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот