Генерал Мекензи: Тензијата во регионот е голема

САД не поднесуваат напади на наши луѓе, наши интереси или наши сојузници и виновниците ќе одговараат, изјави синоќа Марк Еспер, министер за одбрана на САД, додека генерал Кенет Мекензи денеска изјави дека американските напади биле во самоодбрана.

САД рано изутринава извршија воздушни напади врз пет цели, наводно складишта за оружје на проиранска милиција во Ирак, како одговор на ракетниот напад вчера при што загинаа двајца американски маринци и еден британски војник.

Генралот Кенет Мекензи, командант на Централната команда на САД, која ги раководи воените операции на САД на Блискиот исток, изјави дека нападите биле во самоодбрана за уништување на ракети и друга воена опрема снабдена од Иран, а која може да биде употребена против американските војници во регионот.

Тензијата во регионот е голема и можни се одмазднички напади, изјави генералот.

– Ги распоредуваме противракетните системи „Патриот“ внатре во Ирак, и тие ќе бидат подготвени за дејство многу брзо – изјави Мекензи.

САД размислуваат за дополнителни трупи во регионот, но засега задржување на непријателските групи главно ќе се врши преку носачите на авиони на САД во Арапскиот Залив.

– Ние сме внимателни, нападите беа прецизни и се однесуват на инсталациите на Катаиб Хезболах и наш приоритет и да се избегне колетарална штета – изјави Мекензи, прашан дали има податоци за жртвите од нападот бидејќи бил извршаен во близина на аеродром во изградба во градот Карбала.

Ирачките власти денеска ги осудија нападите во кои според нив загинале тројца ирачки војници, двајца полицајци и еден цивел, и го оштетиле надовршениот аеродором, јави „Њујорк тајмс“.

– Не знам дали Ирачаните се среќни или не. Нападнатите локации се места на терористички бази. Ако ирачките воени сили биле таму, би рекол дека не е добра идеја да се позиционираш со Катаиб Хезболах откако во напад беа убиени двајца Американци и членови на коалициски сојзници – изјави Мекензи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот