Генерација која ветува: Со триумф над Казахстан поблиску до ЕП 2021!

ffm.mk

Селекцијата на Благоја Милевски по воведните две кола има максимални шест бодови по домашниот триумф со Фарски Острови од 7:1 и победата во Подгорица против Црна Гора од 2:1.

Во квалификациската група „6“ водат Шпанија, Македонија и Казахстан по шест бода, потоа по три имаат Израел и Црна Гора, а без бодови се Фарските острови.

Нашите репрезентативци Аргон Руфати и Милан Ристовски сметаат дека овој натпревар против Казахстан ќе биде различен од претходните, велат дека противникот има квалитет, но убедени се дека со правилен пристап може да се издвојува нова победа во групата.

– Против Црна Гора остваривме значајна победа, иако натпреварот воопшто не беше лесен. Сепак, и покрај некои наши грешки и недостатоци во играта за кои зборуваме и работиме со селекторот и стручниот штаб, успеавме да победиме и да го добиеме посакуваниот резултат. Натпреварот со Казахстан ќе биде сосема поразличен. Противникот е квалитетен, физички се силни, но сметам дека со правилен пристап можеме да дојдеме до нови три бода. Не се сомневам дека заеднички повторно ќе дадеме сѐ од себе и на крајот ќе се радуваме – рече Ристовски.

Дуелот меѓу македонската репрезентација до 21 година против Казахстан ќе се одигра утре во 14:30 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

– Ги оставаме зад нас првите два натпревари во кои остваривме две победи. Секогаш е специфично да се добие натпревар против противник за кој јавноста смета дека ќе биде лесно. Казахстан воопшто не е наивна репрезентација, играат брзо, тактички се одлично подготвени и мораме да бидеме многу внимателни и добри во дуелите доколку сакаме победа. Наше е да го одиграме тоа што го бара селекторот, а доколку успееме во тоа, мислам дека сме на прав пат – вели Руфати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот