Генчовска: Прво Бугарите да влезат во македонскиот Устав, па потоа преговори со Унијата

Теодора Генчовска / Фото: Скриншот, Јутјуб

Генчовска со оваа позиција ќе го запознае и еврокомесарот за проширување Оливер Вархељи на нивната средба денес.

Запишувањето на бугарското малцинство во македонскиот Устав е услов кој земјава мора да ги исполни пред да започне преговори за членство во Европска Унија. Овој став денеска во изјава за медиумите, пред почетокот на форумот „ЕУ и Балканот“, го потврди министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска.

Tаа појасни дека ваквиот услов за Македонија е утврден во декларацијата на Народното собрание и во решенијата на Консултативниот совет за национална сигурност

– Во оваа фаза, прво тие тоа треба да го спроведат, па потоа да се започнат преговори со нив. Не знам какви сигнали дал премиерот Кирил Петков, но ова е нашиот став, додаде Генчовска.

Таа со оваа позиција ќе го запознае и еврокомесарот за проширување Оливер Вархељи на нивната средба денес.

ВИДЕО | Римпопов: Се крева многу врева за нешто што нема да се случи, а тоа е кревање на ветото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот